Името UTECO е тесно поврзано со
давање решение во мерење на
топлина. Топлината била и ќе
остане основен фактор и најмерлива
варијабила во индустрискиот и бродоградилишен
автоматизам но и во секаква одделна процедура на
производство, лабораториска/ истражувачка примена
бидејќи прецизното мерење е неопходно за
извршување правилна контрола и
добивање правилни резултати.
Компанијата UTECO произведува сензори за топлина од
1972 година, со капацитет на производство повеќе
од 25000 парчиња годишно.
Од 1997 година нашето производство се одвива според
стандардите на ISO 9001, што претставува
карактеристика на нашата
посветеност на квалитетот.
Континуираното инвестирање во машини за производство,
иновациски процедури и специјализирана обука на
нашите кадри дава можност за
стандардизација и директна услуга но
и посебни конструкции согласно барањата на
примената. Колку и да изгледа
едноставно како финален производ
(еден обичен сензор) толку е сложен правилниот
избор и квалитетната конструкција, но точно тука
се наоѓа сегментот кој ја прави UTECO различна од
конкуренцијата.
Во комбинација со 32 годишно искуство,
знаење, капацитети за
конструирање и стручен персонал,
компанијата е во состојба да проектира и предложи
најдобро техничко економско решение при секоја
примена на мерење на температура.
Нашиот континуиран развој и од аспект на
конструирање но и од
комерцијален аспект придонесе за зголемување
на продажбата и извозот во последните години
класифицирајќи ја UTECO како најголема компанија
за производство на сензори за топлина во Грција и
во Кипар.
Накратко категориите на производите
на одделот за сензори на топлина
се следниве:
Термопарови ( Κ, J, Τ, Ν, R, S, Β и.т.н.)
Термо отпорници (ΡΤ 100, ΡΤ 1000, Νϊ 100 и.т.н.)
Термистори ( NTC, PTC)
Посебни кабли (балансирање, продолжување, пренесување на
сигнали и.т.н.)
Материјали: Глави, затворачи, керамички, футроли,
огноотпорни цевки и.т.н.
Преносници: 4-20 mA , 0-10 V, HART, Profibus, ATEX и.т.н.
Преносливи инструменти.
Многу често клиентите се соочуваат со тешкотии при
опишување на
сензорот, доколку не постои шема или примерок на
располагање. Во
продолжение видете неколку од карактеристиките кои се
корисни за
нарачка на сензор за топлина:
Облик на сензор (глава, кабел,
затварач и.т.н.)
•Тип на глава (DIN Α, Β, J, Инокс, Пластична, Exd и.т.н.)
•Тип & должина на кабел (PVC-PVC, Silicone-Braided,
Teflon и.т.н.)
•Тип на затварач (Mini, Standard, машки, женски или
комплет.
Вид на сензор (ΡΤ100, Κ, J, Τ, Ν, R и.т.н.)
•Единечен или дупли
Дијаметар на сензорот
Должина на сензорот
Материјал на цевката (Инокс, огноотпорна, керамичка
и.т.н.)
Начин на зацврстување (ракор, дихтунг, sanitary, бајонет
и.т.н.)
Место на топлина
Вграден преносник
•регулирање ( пр. 0-50°C)
•4 -20mA, 0-10 V, HART, Exi
Скратен опис на вашата апликација
Издавање сертификат за прецизност
•одберете реон на прецизност (-10....+30°C) или 3 точки
(-8, 0, +8°C)